Еве како Јапонците ги решаваат проблемите: Ова навистина е неверојатно!

Богата земја од која треба да учиме

Јапонија е оригинална земја, со богата, единствена култура и длабока мудрост

Кога некоја јапонска компанија е во тешка ситуација, првата личност што треба да се отпушти е нејзиниот претседател. Ако ситуацијата стане уште посериозна, тој прв дава оставка. Во Јапонија не почнуваат со отпуштање на обичните вработени, Јапонците веруваат дека нема лоши војници, туку само лоши генерали. Промената започнува од личната одговорност.

Јапонците велат: „Ако во вашиот живот немало криза што била тешка да се преживее, би требало да го купите ова искуство за многу пари.“

Овој вреден народ знае дека мудроста не е дадена од раѓање, ниту пак доаѓа со годините.

Мудрост е искуството стекнато во тешки ситуации, а со тоа доаѓа и разбирањето на животот.

Тие уште велат: „Мудрец е оној што смирено гледа на светот, што и да се случи.“

Љубовта, како и мудроста, не им се случува на сите одеднаш. Веројатно тоа треба да се заработи. А ако човек никогаш не љубел, туку само прифатил нечија љубов, тој се лишил од вистинската љубов.

Кога го прашале шеикот Рашид за иднината на Дубаи, тој ја кажал оваа мудрост!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.