Ешли Греам: „Често ме прашуваат како успевам да тежам над 90 кг и да ‘пукам’ од самодоверба“

Не ѝ е јасно зошто не ги прашуваат и послабите за тоа

Најпопуларната плус-сајз моделка во светот, Ешли Греам (33), врз сопствен пример ни покажа дека е можно да се разбијат табуа и предрасуди кога станува збор за физичката убавина.

Манекенката, која минатата година го роди своето прво дете со сопругот Џастин – синот Исак, со години гласно зборува за самодовербата на жените и прифаќањето на сите свои маани и доблести, а неодамна и во интервју за „Гламур“.

Ешли призна дека не ѝ било лесно постојано да се соочува со одбивање, но дека со текот на времето сфатила дека токму таа има сила да ги смени работите.

Кога започнав да живеам во Њујорк, постојано ми велеа дека не сум доволно добра, па се свртев кон мајка ми и ѝ реков дека ќе се вратам во Небраска. Таа ми рече во тоа време да не се предавам само затоа што некој би сакал мојот изглед да се промени, а истовремено дека јас можам со мојот изглед да променам нечиј живот. Тогаш не разбирав целосно што сакаше да каже со тоа, но сега знам. Моето тело го смени начинот на размислување на модната индустрија и ме научи дека можам да правам што сакам се’ додека правам работи што ме прават да се чувствувам добро и што носат позитивни промени“, вели таа.

Греам исто така посочува дека светот е полн со луѓе кои веруваат дека не се доволно добри и убави, а за тоа виновни се совршените, најчесто обработени фотографии на жени на социјалните мрежи.
Многу работи денес имаат врска со трансформацијата во нешто што дефинитивно не сте“, коментира Ешли, која се осврна и на фактот дека живееме во свет кој е опседнат со етикетирање на другите.

Време е конечно да се ослободиме од етикетирањето и да започнеме да се однесуваме кон луѓето како што сакаме тие да се однесуваат кон нас. Звучи толку едноставно, но на многу луѓе им е тешко да го разберат тоа“, вели Ешли.

Познатата убавица признава дека и денес има фрустрирачки разговори за својот физички изглед, исто како и на почетокот на кариерата.

Луѓето често ме прашуваат како успевам да сум полна со самодоверба и бараат да го коментирам мојот стил на облекување. Тоа што тежам над 90 килограми и релкамирам долна облека не значи дека сакам да водам цело време разговори за тоа што е потребно за да имам толку голема самодоверба. Да се ​​биде голема дебела девојка не значи дека треба постојано да водам вакви разговори За мене е малку шокантно затоа што истите прашања не им се поставуваат на потенките жени“, заклучува таа.
Фото: Инстаграм
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.