Емотивната Гоца Тржан: „Штотуку излегов од клиниката за инвитро-оплодување и сакам ова да ви го кажам“

Пејачката и сопругот со нетрпение очекуваат принова

Гоца Тржан (46) не крие колку многу сака уште еднаш да се реализира во улогата на мајка и на својата ќерка Лена да ѝ подари братче или сестриче (инаку, Лена веќе има полубрат Жељко од страната на својот татко Иван Маринковиќ, кој го направи со Миљана Куљиќ за време на учеството во реално шоу).

Таа веќе неколку години е во брак со музичарот Раша Новаковиќ и не се откажуваат од желбата да станат родители. Пејачката го откри какво е нејзиното исксуство со вештачкото оплодување во услови на оандемијата на коронавирусот, кога правилата се сменети…

Штотуку излегов од клиниката за инвитро. Поради короната не може да се влезе со придружба. А пред клиниката, мажите кружат околу возилата, ги пукаат прстите, нервозни, возбудени, исплашени, загрижени. Браво и среќно момци, да дочекате убави вести“, порача поп-пејачката преку својот инстаграм-профил, и додаде:

 

Би сакала да ги поздравам и да им се поклонам на сите грижливи и сочувствителни мажи и партнери, кои поминуваат со своите жени низ стравови, неуспеси, исчекување, разочарување, солзи, болки, радости, жалости… Знам како ви е, затоа неизмерно ви благодарам што постоите и што не се откажувате од нас!“

 

 

View this post on Instagram

 

#couple Dva vozaca malo jaca… Nas dvoje u epizodi Paja i Jare 🚘🚘🚘

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan) on

Фото: Инстаграм, АTA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.