Емина Јаховиќ: „Поминувам низ историски миг по кој знае кој пат во животот“

Ги сподели своите мрачни размислувања поради пандемијата

Емина Јаховиќ одлучи да им ги сподели своите размислувања за пандемијата на коронавирусот, поради која речиси во целиот свет луѓето се затворени во своите домови.

Утрово се разбудив рано, околу шест… Тишина. Децата спијат и се’ е во ред. Фала му на Бога! По речиси 45-минутното мачење да се одморам уште малку, ме повлече сончевиот зрак од прозорецот. по малку уморна, станав и отидов во дневната соба. Вниманието ми го привлече врапчето на мојот прозорец. Посета, си помислив… но непоканетиот пријател само одлета во недоглед. Погледот ми остана заробен тука… на балконот, надвор однатре… некои глупави згради преку улица и сонцето што по неколку минути го снема. Одамна никого нема на вратата, роднини… пријатели. Никој. Го зедов кафето и како хипнотизирана седнав на софата. Погледот и понатаму ми се прицврстен… Ништо. ‘Брејнсторминг’… Океј, поминувам низ историски миг по кој знае кој пат во животот. Кул. Ќе преживееме“, порача популарната пејачка преку својот инстаграм-профил.

 

 

View this post on Instagram

 

Hteli ste da postavim i post. Drzimo se zajedno❤️

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina) on

Фото: Инстаграм, ATA Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.