Емили исфрлила цел куп работи од дома: „Кога го исчистив домот, како да прогледав!“

Може ли чистењето на домот да го промени животот на подобро?

Мари Кондо, јапонски експерт за чистење домови, ветува: ако сте подготвени за големи промени, резултатот од чистењето ќе биде вистинско чудо

Емили ја прочитала книгата од Мари Кондо „Јапонска уметност на ослободување од непотребни работи и организирање на просторот“. Мотивирана од оваа книга, Емили фрлила еден куп облека и непотребни работи, а вели дека советите од оваа книга ја научиле да не купува повторно повеќе работи.

„Оваа книга потполно го промени мојот поглед на работите. Ако нешто не ми се допаѓа, ако не сум го користела и никогаш не сум го носела, се ослободувам од тоа без размислување. Неверојатно е тоа колку почист стана мојот дом кога фрлив некои работи“, тврди Емили.

Две клучни правила:
  • Можете да ги задржите само работите што ве полнат со радост.
  • Во текот на чистењето мора да се занимавате со предметите, не со себе.
Задржете го она што го сакате

Ако нешто не ви се допаѓа, ослободете се од тоа. Ако чувствувате приврзаност кон предметите, ослободете се од нив. Ако чувствувате среќа поради тие предмети, задржете ги.

Занимавајте се со предметите, не со себе

Една од главните идеи на Мари Кондо е да ги сортирате предметите по категории. На пример, наместо да ги чистите плакарите, погрижете се за сета облека што ја имате во домот. Обично има парчиња облека и во ходникот, на столчињата, во тоалет, закачени на закачалки и слично.

Кондо смета дека сите работи треба да се поделат по категории:

„Прво треба да фрлите сѐ што ви е непотребно, а потоа да го исчистите домот еднаш засекогаш.“

Чистење на домот чекор по чекор:

1. Размислете што е идеален живот за вас. Со други зборови, како сакате да живеете.

2. Соберете ги работите од еден вид на едно место. На пример, облеката: ослободете се од сето она што е вишок! Потоа, преминете на книгите, па на предметите.

3. Запрашајте се дали тие предмети ве полнат со радост.

4. Одбраните предмети, ставете ги на своето место.

Звучи едноставно, но Мари Кондо го објаснува тоа вака:

„Суштината на моите методи е во тоа непристрасно да согледаме што сѐ имаме и да одлучиме што од она што се собирало со текот на годините е навистина важно“, пишува Кондо.

Емили тврди:

„Книгата ме натера да размислам за тоа колку работи имам и колку тие работи навистина ми требаат. Воопшто не се каам што се ослободив од купишта непотребни работи, иако непријатно ми е што сум трошела толку пари на сето тоа. Ослободувањето од непотребните работи ме ослободи од трошењето. Сега нема шанси да посегнам по нова чанта или фустан. Штедам за патување“, признава таа.

Зошто нередот во домот привлекува несреќа: Чистењето на овие простории значи губење килограми, благосостојба на умот и телото
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.