Експертите објаснуваат ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИТЕ АКО ВЕ НАПАДНЕ КУЧЕ: Овие 5 работи се клучни

Усвојте ги!

Со години во медиумите се објавуваат приказни за напади од кучиња врз деца и возрасни, и тоа како од скитници, така и од домашни. Иако можеби се кротки и без намера да ве нападнат, постојат неколку чекори што може да се преземат ако се однесуваат непријателски.

Ова се препораките на експертите за кучиња како да се заштитите и да спречите каснување од животни. Што да направите ако ве нападне куче:

Обидете се да останете смирени Кучињата, како и некои други животни, навистина го чувствуваат човековиот страв. Секако, доста е тешко да се смирите ако пред вас е агресивно куче. За почеток, треба да престанете да врескате, да мавтате со рацете и да се обидувате да избегате. Ваквите активности манифестираат страв и нервоза, а кучето ќе добие директен сигнал за напад.

Забавете Ако кучето ви се најде на патот додека трчате, веднаш намалете ја брзината. Полека свртете се на другата страна и продолжете полека да се движите, следејќи го кучето со вашиот периферен вид. Исто така, би било правилно да застанете, да останете неподвижни и да ги опуштите рацете покрај телото. На тој начин ќе го избегнете вниманието на животното.

Не гледајте го животното во очи Директниот контакт со очите на кучето може да ја зголеми неговата агресивност. Животното таквата глетка ја доживува како закана и затоа прво ќе нападне. Кучето треба да ви биде во видното поле, но да го гледате отстрана. Тогаш ќе сфати дека не сте му закана и најверојатно само ќе помине покрај вас.

Одвлечете му го вниманието на кучето Во таква ситуација, секое нешто што ќе ви биде при рака ќе помогне. Дајте му на кучето чевел, шише или ранец – сè што може да касне. И додека животното е ангажирано, можете полека да се оддалечите, избегнувајќи ги последиците.

Дајте му команда на животното Ако кучето продолжи да покажува агресија, свртете се кон него, продолжете да гледате малку на страна и заповедајте му да оди. Важно е вашиот глас, во тој момент, да биде самоуверен и авторитативен, но во никој случај да не се заканува и да вреска.

Ефективни команди се: „Не!“ и „Назад!“ – изговорени со сигурна интонација. Откако кучето ќе ги слушне, ќе ја почувствува вашата сила, ќе се исплаши и ќе се тргне настрана.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.