Древна приказна што ќе ви го промени животот од корен: Кога ќе ја изгубите и последната надеж, постапете ВАКА!

Поука што се памети засекогаш

Кога ќе го сфатите ова, ништо повеќе нема да може да ја уништи вашата среќа

Еден Индијанец се затрчал во селото и со вознемирен глас им кажал на собраните сожители од племето:

„Се случи, куќите ни се уништени, земјата изгорена, реката однесе сé, стоката умре. Сé што градевме и подигнувавме со години, повеќе не постои.“

Неми од болка, никој не можел да изусти ни збор. Во тој момент, од толпата се издвоил поглаварот и рекол:

„Сé што некогаш се родило на оваа земја и под ова небо сигурно ќе умре за да оживее нешто позначајно и подобро. Таков е законот. По денот следува ноќта, семето што ќе падне во земјата умира, раѓајќи нов род – така било отсекогаш, така ќе биде и засекогаш.

Занемевте од ужас кога видовте што сé сте изгубиле, не сакате да поверувате дека тоа е вистина… Отворете очи и погледнете. Соочете се со фактот дека вашиот живот се променил засекогаш. Повеќе го нема вашето минато.

Оплачете сé што ви е на душата! Тоа што е уништено или умрело мора да се оплака. Солзите се лековити. Тие ќе ги излечат вашите рани и ќе ја однесат тагата.

Можете и да очајувате, но знајте дека по дождот, секогаш доаѓа виножитото. На вашата трева повторно ќе има цвеќе. Без загуба нема напредок, никој не станал подобар без тешкотии.

Засукајте ги ракавите и изградете нова куќа, одгледувајте стока… Ќе почувствувате радост во срцето и ќе сфатите дека сé било како што треба. Ќе ги кренете рацете кон небото и ќе му се заблагодарите за искушенијата што ви ги испратило.

Сте преживеале и сте се опаметиле, продолжете да живеете!“

Така е во животот. За да стигнеме до врвот, неминовно е да се соочиме и со проблеми и препреки, но мора да знаеме што е вистински вредно. Затоа треба да ги запаметите овие 3 важни лекции…

1. Материјалните работи доаѓаат и си одат, никогаш не смеат да бидат вашиот приоритет.

2. Она што го создавате содржи дел од вас, но тоа не сте вие. Вашата мудрост и вашата страст секогаш се дел од вас. Ништо не е изгубено доколку не се изгубите себеси.

3. Животот не е секогаш лесен. Дозволете си да се менувате, да паѓате и повторно да станувате. Тоа е составен дел од животот.

Поучна приказна: Една жена видела тројца старци пред куќата, па одлучила да ги повика внатре…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.