Додека сите набавуваат тоалетна хартија: Еве што купува најсреќната нација на светот!

Тие наоѓаат начин да уживаат во секоја ситуација.

Продажбата на секс играчки во Данска е двојно зголемена, откако на нејзините жители им беше наредено да останат дома за да го спречат ширењето на коронавирусот, според бројките од најголемиот продавач на овој вид производ во земјата.

„Многу сум задоволна што во овие тешки времиња, кога луѓето се чувствуваат многу ранливо, ние исто така правиме нешто како што треба“, рече Матилде Маковски, ко-сопственик на најголемата продавница за секс-играчки во северниот регион.

Во првата недела од април продажбата на секс-играчки во Данска се зголеми за 110 проценти. Производителите проценуваат дека оваа земја опфаќа три четвртини од вкупниот пазар.

Најголемата веб-страница за секс-играчки во земјата објави дека, по објавувањето на мерките за изолација, сообраќајот е зголемен за трипати во однос на истиот период минатата година. Особено се зголеми побарувачката за секс-игри и играчки за парови.

„Мислам дека е природно дека кога сме присилени да поминеме малку повеќе време заедно, исто така сакаме да се забавуваме. Во овие тешки времиња, повеќе се грижиме едни за други, а тоа влијае и на нашиот сексуален живот”, смета Маковски.

Инаку, Данците се познати по нивната „hyggeu“, специфичен хедонистички начин на уживање во животот, кој може да се преведе како – удобност. Таа се смета за една од најсреќните нации во светот и е позната по своите прогресивни закони како што е легализацијата на порнографијата во 1969 година, многу порано отколку што беше направено во остатокот од Европа.

Прочитајте и: Жителите на Вухан го победија коронавирусот: Вака славеа откако излегоа од изолација по 76 дена! (ВИДЕО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.