„Добро утро, љубов“: Дело посветено на болката, на несреќната љубов, на повредените чувства и на изневерената доверба

Наша препорака

Приказната во романот „Добро утро, љубов“ на Милена Лунеска, се врти околу младата и успешна Дарија, која се враќа од Германија во родната Македонија и во својот роден град за да направи едно добро дело. Но, со враќањето, ги носи и своите куфери полни со тажни спомени, кои не ѝ дозволуваат да продолжи со животот онака како што таа посакува.

 

Добро утро, љубов!“ е најмалку љубовен роман. Тоа е дело посветено на болката, на несреќната љубов, на повредените чувства и на изневерената доверба“,  забележува рецензентот Срѓан Ивановиќ, кој во својот текст за книгата заклучува дека тоа е „роман што ѝ е потребен на македонската белетристика и еден од ретките во кој успешно е опишан менталитетот на обичниот човек, што е успех само по себе.

 

Во претпоставената борба на доброто и злото, Лунеска ќе ве увери дека, всушност, никој не е зол, туку природата на нештата го води животот во непредвидлив правец, кој ни малку не е лесен. Животот го прават луѓето, а тие се несовршени, полни со љубов. Од друга страна, љубовта ја носи со себе страста која тешко може да се заборави. Но, како што и по најтемната ноќ зазорува зората, така и во најтешките мигови за една напатена душа, настапуваат денови на љубов и на среќа.“

Претходно објавени романи на писателката Милена Лунеска се „Два часа“, „Исчистени души“ и „Ќерката на премиерот“, а покрај проза, пишува и поезија.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.