Џенифер Лопез обвинета за кражба од Ана Николиќ: Цела естрада „гори“ поради ова!

Меѓународен „скандал“

Откако мегаѕвездата Џенифер Лопез ја објави новата песна, во Србија не престанува да се зборува дека идејата за спотот ја украла од Ана Николиќ.

И додека целиот свет зборува за новите песни на Џенифер Лопез и Малума, на многумина во Србија им паднаа в очи неколку интересни детали кои им се видоа познати на прв поглед.

Станува збор за сцената во која Џенифер седи на терасата на раскошната вила, чита вести за себе во весниците, додека косата и е собрана во крпа, а во раката држи очила за сонце. Ништо немаше да биде спорно доколку речиси идентична сцена немавме видено во фервуари годинава, во видеоспотот на Ана Николиќ за песната „Било је лепо“.

Ана во овој спот исто така седи во слично опкружување како и Џенифер со сите детали што го има и таа околу и на себе, а дури и накитот им се сличен. Па затоа не помина многу време а веќе почнаа приказните дека славната Џеј Ло се инспирирала од спотот на Ана. Дали навистина е така, проценете сами!

Видео: Јутјуб

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.