Џејн Фонда (81) за борбата со ракот: „Никогаш не помислив дека ќе живеам олку долго!“

Искрено

ФОТО: Profimedia

На прашањето како напредува заздравувањето по болеста, Фонда открила дека тоа е процес што трае

Со децении Џејн Фонда е синоним за здрав живот и вежбање. Оваа филмса дива и добитничка на „оскар“ покренала револуција во фитнес кога во 1982 година издала видеокасета со вежби.

Не постоела жена која не се обидела да се доведе во форма со Џејн Фонда. Меѓутоа, како што минувале годините, Џејн почнала да се соочува со сериозни здравствени проблеми, меѓу кои и повеќе видови канцер.

„Имав рак. Го обожавав сонцето и сончањето, па така завршив со рак на кожа, кој со години го држев под контрола“, открила актерката за британскиот „Вог“.

https://www.instagram.com/p/Bf9ywNGBPfD/?utm_source=ig_embed

Фонда открила и дека имала рак на дојка и била на операција за да го отстрани канцерот и тоа пред самото доделување на „златни глобуси“ во 2016 година.

„Излегувам од автомобил во чуден бел фустан со набори. Тоа е така бидејќи штотуку имав масектомија и морав да ги скријам завоите“, изјавила таа.

А што се однесува до нејзиното здравје денес и заздравувањето, актерката открила:

„Тоа е процес што трае. Толку за тоа.“

Минатата година, за време на гостувањето во една емисија, актерката открила дека отстранила тумор од усната празнина.

Иако ги гази 80-тите, Фонда и понатаму е изненадена од тоа колку ја боли телото. Таа тоа и’ го припишува на остеопорозата, која е наследна во нејзиното семејство.

https://www.instagram.com/p/Bd_If9SB71Z/?utm_source=ig_embed

„Факт е дека многу ме боли телото и тоа не само затоа што многу вежбав, туку поради генетиката. Татко ми и брат ми имаа остеопороза. ‘Рскавицата исчезнува и тогаш коските се потпираат на коски, а тоа боли. Но живееме во време кога тоа може да се поправи“, раскажала Фонда.

Иако и двата колка и’ се заменети и сега ја чека втората операција на колената, Фонда сепак не се предава.

Актерката тврди дека е благословена поради шансата да остари.

„Никогаш не сум мислела дека ќе живеам олку долго. Многу сум немарна со оглед на тоа што ми минуваат последните денови од животот.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.