Денес славиме Свети Јован Крстител: Секој домаќин мора да ја знае оваа тајна, а еве што не смеете да земате во раце!

Народни верувања

Постојат бројни обичаи за Свети Јован кај нашиот народ

Православната црква и нејзините верници на 20 јануари го прославуваат еден од најголемите и најзначајните светци – Свети Јован Крстител.

Овој светец го слават голем број луѓе кај нас, како светител познат по чистотата, моралот и Божјата одлука токму тој да ги изврши чинот на крштевање на Исус Христос.

На овој голем ден, секој верник мора да биде свесен за една голема тајна на која Свети Јован нè повикува. Тоа е тајната на покајанието, преобразбата, ставањето на целиот свој живот во „недрата на спасот“, за тој да нè води понатаму, не дозволувајќи ни да одиме по нашите луди човечки патишта.

Свети Јован има слобода и смелост да повикува на покајание и целосна преобразба на човечкото битие. Тој покажал каков треба да биде човекот, какви треба да бидат неговите желби и каков треба да биде неговиот однос кон Бога и ближниот.

Народни обичаи и верувања

Во народот постои обичај луѓето на овој ден да се побратимуваат и да остваруваат кумство, бидејќи Јован се смета за пример за карактер и почит.

Верниците често им го даваат името Јован на своите деца. Православците обично слават крсна слава на Свети Јован, а католиците обично слават именден.

Јован Крстител се смета за заштитник на пејачите, музичарите, кројачите, кожарите, крзнарите, волнарите, гостилничарите, ножарите, брусачите, затворениците, осудениците на смрт, одгледувачите на птици, заболените од епилепсија, на Малта, Јордан и голем број градови ширум светот.

На Свети Јован, верниците, по можност, не треба да земаат нож во рака, во знак на сеќавање на страдањето на Јован.

Во некои краишта, на овој ден луѓето не извршуваат тешки задачи и внимаваат да не прават ништо поврзано со семиња. На полноќ помеѓу Богојавление и Јованден се одбира едно јајце и се спушта во сад со вода: ако потоне, тоа значи дека се ближи судниот ден.

На овој ден, на децата не им се дава ништо во црвена боја. Ниту јаболко или сок. Не се јаде и не се пие ништо што е црвено, бидејќи бојата го симболизира невиното пролевање на светителската крв.

Како домаќинот се однесува за време на славата?

Домаќинот, на денот на славата е облечен во свечено одело, ведар и расположен ги пречекува гостите и цел ден не седнува додека свеќата гори. Не седнува од почит кон светителот што го слави на тој ден и кој е главен гостин во неговиот дом. Тој стои пред него како во црква на молитва.

Доколку домаќинот е на повозрасни години и физички не е во состојба да стои цел ден, со негова дозвола, славата ја предводи некој од помладите мажи, синот или внукот. Тој истовремено се грижи и за послужувањето и распоредот на гостите. Домаќинот на истиот начин ги испраќа гостите, со желба до година повторно да се состанат во уште подобро здравје и расположение.

Честит именден Јовановци и Јовани! На денешен ден се празнува Свети Јован Крстител, кој е и заштитник на побратимите
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.