Денес е Велики четврток: На овој ден вистинскиот верник има само една задача!

Во пресрет на Велигден

На Велики четврток задолжително е да ги испочитувате овие обичаи

Црквата во текот на богослужбата на Велики четврток се сеќава на еден од најважните настани – Тајната вечера, кога Исус им ги измил нозете на своите ученици, давајќи им пример за братска љубов и понизност.

Според Евангелието, Исус токму на Тајната вечера го воспоставил евхаристискиот обред – Светата Причеста. Па затоа се верува дека и на најголемите грешници им се опростуваат гревовите ако се причестат и искрено се покајат на Велики четврток.

Обичаи

Еден од најстарите обичаи за Велики четврток е поврзан со пречистувањето на водата. Се верувало дека бањањето на Велик четврток носи убави и здравје. На овој ден децата и доенчињата се бањаат за да бидат здрави и чисти цела година. Водата што се носи од бунар или извор, се прочистувала со фрлање сребрена паричка во неа.

На Велики четврток, девојките особено внимание посветувале на својата кожа. Ноќта пред Велики четврток, девојките внимателно го миеле и чистеле лицето, но фрлале и сапун преку прагот.

На Велики четврток темелно се чисти домот. Сè мора да биде на свое место, избришано и средено. По Велики четврток, па сè до Велигден, забрането е чистењето по дома. Домот се украсува со свежо цвеќе.

Свеќата што во текот на цела година се палела за празници, сега се пали и на Велики четврток, бидејќи се смета нејзиниот пламен ја штити куќата од зли духови. Потоа, оваа свеќа се дава во рацете на тешко болна личност за да оздрави.

А најважно е на Велики четврток човек да води сметка за чистотата на мислите и на душата.

Велики четврток: Еве што прави секој православен верник на денешниот ден!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.