Денес е националниот Ден на пицата: Занимливости околу вашето омилено јадење

Националниот ден на пицата се одбележува на 9 февруари секоја година. Иако не е познато кој го воведол овој празник, се повеќе луѓе го користат овој датум како повод да се почастат со нивното омилено јадење. Се верува дека пицата настанала во подрачње околу медитеранот, кога старите Грци, Римјани, Египќани често јаделе тенко печено тесто на кое ставале лук, масло и зачини. Подоцна во Италија, тенкото тесто се користело да се провери температурата во рерните и печките. За да не се фрла ова печено тесто, го делеле на сиромашните кои на тестото го ставале остатокот од ручекот, најчесто зеленчук и зачини. Баш затоа и Италија се смета за колевката на модерната пица, иако на почетокот ја јаделе само сиромашните слоеви од опстеството. Денес пицата е едно од најомилените јадења ширум светот, а италијанската се разбира дека е најпозната.

Прочитајте го и ова…Катарина Ивановска: „Сакам и пица и секс!

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ПИЦАТА

  1. Националниот Ден на пицата започнал да се прославува 1987 година, ама не се знае на кого прв му текнало да слави
  2. Пица индустријата во САД заработува месечно 30 милијарди долари
  3. Пицериите сочинуваат 17% од угостителските објекти во светот.
  4. Првата пицерија е отворена во Наполи 1738 година
  5. Најголемата пица која влезе во Гинисовата книга на рекорди, била долга 37 метри и тешка околу 12193 килограми. Направена е во Јужна Африка
  6. Во светот се продаваат преку 5 милијарди пици годишно
  7. Сабота навечер е најпопуларното време за пица.
  8. Најбрзиот пица мајстор направил 14 пици за 2 минути и 35 секунди.
  9. Околу 36% од луѓето мислат дека пицата е идеален појадок.
  10. И за крај, науката докажала дека конзумацијата на 1 пица неделно го намалува ризикот од рак на езофагусот.

Прочитајте го и ова…Лажна пица: Најбрзиот и најлесниот рецепт од само 3 состојки

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.