Деми Мур (56) последниве години многу ретко ја гледаме на големото платно, а популарната актерка смета дека за тоа е виновно стареењето, поради кое веќе не е убава, сексапилна и згодна како порано.
Деми призна дека не е воодушевена од природниот процес на стареење и со години се плаши од неизбежната старост. Сигурна е дека загубила голем број улоги токму поради годините.
Не го сакам својот одраз во огледало, дури и се плашам од него“, искрено изјави актерката на настанот што го организира нејзината колешка Гвинет Палтроу.
Однатре се чувствувам младо, но моето тело продолжува да старее и тоа ме депримира“, заклучи Деми, која на сите можни начини се обидува да го спречи процесот на стареење, па практикува јога, но и пластични операции.
Меѓутоа, пред десетина години, додека сè уште беше во брак со помладиот актер Ештон Кучер, славната актерка беше голем противник на пластичните корекции и јавно зборуваше дека никогаш не би отишла „под нож“.
Претпочитам да изгледам како жена на мои години а не очајнички да се обидувам да изгледам како да имам 30 години“, велеше Деми во тоа време.
Но изгледа дека со текот на годините, стравот од стареењето станувал сè посилен, а со тоа зачестиле и посетите на пластичниот хирург.