Денес е сосема вообичаено да се види нашмикан маж, но Дејвид Бекам е дефинитивно последниот маж што би можеле да го замислиме во такво издание. Е па веќе нема да мора да се обидуваме да го замислиме, бидејќи фудбалерот се фотографираше за насловната страница на магазинот „Лав“ (Love) со зелена сенка на очите.
Дејвид на фотографијата носи кошула и бело сако, а бојата на сенката на неговите очи е усогласена со тетоважите на неговиот врат.
Откако магазинот ја објави оваа фотографија на Инстаграм, 43-годишниот Бекам доби многубројни пофалби на сметката на својот изглед – дури и со шминката.
Тотално сум за ајлајнерот на Бекам“, е еден од коментарите, додека друг вели: Вистински маж носи сенка за очи и изгледа – секси! Крал!“
View this post on Instagram