Дали постојано ви е здодевно? Откријте дали досадата е лоша и како да се ослободите од неа

Сегашната состојба и сите последици што ги остави пандемијата на коронавирусот врз општествениот живот многу ги погодуваат луѓето.

Нашите омилени кафулиња, ресторани и клубови се затворени, луѓето се повлекоа во своите домови, па не е изненадувачки што некои денови се исполнети со монотонија и досада. Ако сте екстроверт по природа и личност која има буен социјален живот, сите овие промени оставија свој белег врз вас. Ако се чувствувате здодевно премногу пати во последната година и се чувствувавте лошо после тоа, не грижете се.

Здодевноста е сосема нормална појава, а експертите забележуваат дека не треба секогаш да гледаме на тоа како на нешто негативно. Како прво, здодевноста е нешто што треба да го прифатите и да станете свесни за да научите да го вадите од вашето секојдневие. Факт е дека досадата може да биде ужасно фрустрирачка и дека може да биде придружена со емоции со кои е тешко да се справиме. Но, следниот пат кога ќе го почувствувате тоа, не дозволувајте негативните емоции да ве обземат. Наместо тоа, бидете љубопитни, научете нешто од сето тоа и поставете си ги следниве прашања.

  • Колку трае вашата здодевност?
  • Кои мисли ви поминуваат низ главата кога ви е здодевно?
  • Која беше последната ситуација во која не ви беше досадно?

Кога ќе одговорите на овие прашања, подобро ќе разберете сè што се случува во вас и полесно ќе најдете решение. Покрај тоа, започнете да ги запишувате вашите мисли. Пишувајте за тоа со кого се дружите, како се чувствувате кога сте сами и како кога сте во друштво, што ве забавува и што ве прави нервозни. На овој начин ќе се запознаете подобро и ќе знаете што да правите во моментот на досада.

Она на што треба да обрнете внимание се пријателските, семејните и љубовните врски, работата што ја работите и начинот на кој го поминувате слободното време. Можеби е време за некои нови работи и некои нови луѓе и нема да дознаете што ви одговара ако не се обидете и ако не одговорите на овие прашања сами. Исто така, не заборавајте дека ниту едно чувство не е постојано и дека секогаш можете да побарате помош од блиски или професионални луѓе.

Прочитајте и: Применувајте го скандинавскиот принцип за подобро ментално здравје

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.