Дали можете да ја решите оваа математичка задача за учениците во основно училиште?

На Интернет се води полемика за точниот резултат

Иако повеќето деца би ја решиле оваа логичка и математичка мозгалка без проблем, возрасните „мака мачат“ и на социјалните мрежи се препираат кој е точниот резултат. Што мислите вие?

Задачата делува многу едноставно и неодоливо потсетува на оние мозгалки кои сите ги решававме во основно училиште. Во приказната има јаболка, банани и кокоси, а потребно е по 3-те равенки со решение, сами да го пронајдете решението за 4-та.

Првите 3 чекори се многу едноставни, но… Земете лист хартија и пенкало и започнете да решавате, а точниот одговор дознајте го во продолжение.

.

.

.

.

.

.

.

.

Резултатот кој требаше да го добиете е – 14!

Еве го и целосното решение: трите јаболка се 30, што значи дека едно е 10. Јаболкото и 2 пати по 4 банани даваат 18, а ако знаеме дека јаболкото е 10, тогаш 4-те банани го даваат бројот 4.

Следната равенка вели дека 4 банани минус кокос е еднакво на 2. Бидејќи 4-те банани се всушност 4, тогаш знаеме дека кокосот е 2. Сето тоа е јасно, но кај последната равенка настанува проблем.

Кокосот (2) плус јаболкото (10) плус бананите (4) треба да дадат резултат од 16. Но, тоа не е точно!

Имено, она што луѓето постојано го пропуштаат е фактот што во последната равенка има само половина кокос, како и 3, а не 4 банани. Со тоа, половина кокос е 1, а трите банани се 3 со што се добива вистинското решение – 14!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.