„Да купиме поет“: Потсетник за важноста на културата и хуманизмот

Поезијата како врв на сободата

Издaвачки центар „ТРИ“ го објави романот „Да купиме поет“ од португалскиот автор Афонсо Круш, како дел од новата едиција „Европски приказни“ поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Инспириран од економската криза во Португалија, „Да купиме поет“ зборува за прекумерното значење што им се дава на економските и на финансиските прашања, за сметка на културата.

Во едно такво општество материјализмот ги контролира сите аспекти од животот на луѓето. Тие имаат бројки наместо имиња, сета храна е мерена со точна прецизност. Мерливи се дури и чувствата, а семејствата можат да чуваат уметници како миленичиња…

Протогонистот на приказната е млада девојка која ги истражува важните работи во животот заедно со своето милениче, поетот. Со овој роман, наменет и за млади и за возрасни, Афонсо Круш нè потсетува на важноста на културата и хуманизмот, истакнувајќи го значењето на поезијата како исклучителна уметност и како врв на слободата.

Афонсо Круш е плоден и многу ценет писател во Португалија и во Европа, аниматор, илустратор и музичар. Автор е на делата „Боженствено тело – Авантурите на Конрадо Фортес и Лола Бенитес“, „Енциклопедија на светската историја“, „Книгите што го уништија мојот татко“ и „Човековата контрадикција“, за кој во 2011 ја доби наградата на Друштвото на писателите на Португалија за најдобар роман. Во 2012 година ја доби Европската награда за литература за својот роман „Куклата на Кокошка“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.