Американската актерка и ѕвезда од „Чувари на плажата“, Кармен Електра се прослави пред 30 години кога првпат се појави на малите екрани и ги маѓепса гледачите со својот изглед уште во 1993-та година.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra)

Кармен од тогаш е во центарот на вниманието на медиумите и јавноста, нејзиниот живот и кариера се променија, но она што останува исто е нејзиниот беспрекорен младешки изглед на кој многумина му се восхитуваат.

Денес, 48-годишната актерка тврди дека ова може да се припише на строги диети, консумирање големи количини на вода и внимателно избрани производи за нега на кожата, кои не ги менувала 20 години. Негира дека правела какви било естетски зафати на лицето.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra)

Тајната, вели таа, лежи во нејзината едноставност. Не се потпира на производи со штетни хемикалии, не оди на хируршки зафати. Избегнува кофеин, алкохол и шеќер, а пие многу вода.

Се обидувам да бидам хидрирана цело време. Водата ја хидрира кожата одвнатре и тоа е многу едноставна работа што луѓето ја забораваат. Грижата за себе е поважна од кога било досега“, рече актерката.