Читалница: Ѕирнете во крими-романот „Пресметка“

По „ДНК“, втора книга од серијата „Детската куќа“

Вака се здрви и почувствува како ѝ станува жешко во очите, како секој момент да ќе ѝ надојдат солзи…

Во рамките на нашата Читалница, денес ви претставуваме извадок од романот „Пресметка“ на писателката Ирса Сигурдардотир, во издание на „Антолог“.

Вака немаше подготвен одговор. Ќе ги направеше ли тоа нештата подобри или полоши? Изборот беше да одлучи меѓу тоа да остане сама и да ѝ студи, или да најде некоја тема за разговор со девојчето чие име сè уште не го знаеше. Иако имаше само осум години,

Вака знаеше дека постои само еден правилен одговор на некои прашања. „Да, се разбира, штом сакаш.“

Кога девојчето, со задоволна насмевка, тргна кон неа, таа додаде: „Но ќе морам да си одам штом ќе дојде татко ми да ме земе.“

Насмевката исчезна и повторно ѝ се врати празниот израз на лицето. „Да, се разбира.“

Свесна за тоа колку момчињата го исмеваа девојчето и колку осамено изгледаше тоа, Вака се обиде да надомести. „Може и тебе да те однесе до дома?“ Во истиот момент штом го изговори ова, зажали; често ги слушаше своите родители како мрморат нешто за цената на горивото.

Не сакаше да бара од татко ѝ да вози неколку километри повеќе, особено сега кога имаа толку малку пари откако го купија новиот стан. „Далеку е твојата куќа?“

„Не, јас живеам онаму.“ Девојчето покажа кон училиштето, веројатно мислејќи на редот со куќи што Вака ги забележа додека се шеташе наоколу за време на одморот. Беа одделени од училиштето со висока ограда, од чија друга страна се чинеше дека се собрани сите отпадоци: искинати, избледени хартии од пакувања; купишта хартија; пластични кеси и суви лисја.

Вака не сакаше ѓубре, беше одвратно, но тоа беше единственото место на игралиштето од каде што не се слушаше злобното задевање на момчињата, па таа се приближи до оградата и зјапаше низ неа, игнорирајќи го нередот.

Ги проучуваше куќите, чувствувајќи благодарност што нејзините родители не купиле една од нив. Изгледаа како да се пред распаѓање и преискористени, како и оградата; бојата на фасадите им беше излупена, а дворовите беа како џунгли. Таа зјапаше кон старата ’рѓосана скара, која стоеше исправена меѓу високите треви; изгледаше како растенијата да растеа од капакот.

Валканите завеси беа криво закачени на неисчистените прозорци. На некои места, наместо завеси, висеа ќебиња; на други, стари весници или исечоци од картони. Вознемирена од глетката, Вака се сврти назад и се врати кај другите деца, кои се однесуваа како таа да не постои.

Сепак, улицата имаше една предност: беше блиску до училиштето. Можеби може да го искористи телефонот на девојчето? Би им требале само неколку минутки да отидат дотаму и татко ѝ нема да замине доколку стигне додека неа ја нема. Собирајќи храброст, Вака праша: „Еј, а може ли да го искористам телефонот во твојата куќа?“

Ја вознемири исплашениот изглед што се појави по ова барање. „Во мојата куќа?“ Девојчето вештачки се насмевна и го спушти погледот. Зјапајќи во своите ракавици, се галеше со осакатената рака. „Зарем да не чекаме овде? Татко ти сигурно ќе дојде наскоро.“

„Да, можеби.“ Вака повторно го поткрена училишниот ранец. Го чувствуваше сè потежок и потежок на своите рамења, како да се зголемуваше товарот во него со секоја минута помината во чекање. „Ако го искористам твојот телефон, потоа ти може да дојдеш кај мене и да си играме.“ Вака претпоставуваше дека девојчето би било благодарно за таквата понуда, штом живееше во една од оние ужасни куќи. Можеби поради тоа изреагира толку лошо на нејзиното барање. Можеби не сакаше никој да ја види нејзината соба.

Се чинеше како девојчето да се двоуми што да одговори. „Добро. Но мораш да бидеш многу брза. И само ако потоа одиме да си играме кај тебе. Не смееш да направиш никаква бучава, исто така. Тато веројатно спие.“

Вака кимна, особено задоволно од исходот, а и поради тоа што конечно се спријатели со некого од својот клас. Се разбира дека повеќе би сакала да се запознае со некое од другите девојчиња, особено тие забавните, популарните, но тие беа ладни кон неа, веројатно немаат потреба од нови другарки. Можеби сепак ова девојче е во ред, и покрај тоа што му недостигаа прсти. Барем не беше злобно.

Но, како што одеа, на Вака започнаа да ѝ се јавуваат сомнежи. Присетувајќи се на распаднатите куќи, одеднаш почувствува одбивност да влезе во која било од нив. Подобро ќе беше да чекаше на замрзнатите скали. Сега беше предоцна. Тие го напуштија училишниот двор и одеа кон куќите, одејќи по сонцето.

Наместо да се стопли, на Вака ѝ стануваше поладно со секој чекор.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.