#ЧИТАЈДОМА – Издавачката куќа „ТРИ“ нуди бесплатни е-книги цел месец

Нова специјализирана апликација за читање на електронски книги Kniga.mk

Издавачки центар ТРИ, со цел да им излезе во пресрет на читателите во периодот на изолација, предвреме ја става во функција својата нова специјализирана апликација за читање на електронски книги Kniga.mk, изработена со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој.

Kniga.mk е мобилна апликација достапна за iOs и Android корисници, која овозможува пристап до голема база на електронски книги, изданија на ТРИ и Паблишер, достапни за купување и прелистување на сите уреди – која нуди одлично читачко искуство и можност за многу лични приспособувања.

На овој начин, книгите стануваат достапни во секој дом и во секое време. За сите корисници во промотивниот период ТРИ издвои 20 бесплатни ексклузивни изданија од својата продукција.

Книги од домашни ексклузивци како Венко Андоновски, Винка Саздова, Коста Петров, Ана Јовковска, и атрактивни преводни изданија ќе бидат достапни за сите што ќе ја симнат и користат апликацијата Kniga.mk од App Store и Google Play.

Остануваме поврзани повеќе од кога било со светот на книгите со новата мобилна апликација Kniga.mk на ТРИ!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.