Бред Пит побара прошка од Џенифер Анистон

Причината зошто дошол сам и маскиран на нејзината роденденска забава

Иако Бред Пит и Џенифер Анистон се разведоа пред 14 години, интересот за односот на бившите сопружници се’ уште не стивнува, а особено го „подгреа“ тајното појавување на актерот на прославата на 50-от роденден на популарната актерка.

Имено, двојката стапила во контакт по смртта на мајката на Анистон во мај 2016 година. Четири месеци подоцна, следуваше разводот на Бред и Анџелина Џоли, а во 2017 година и разводот на Џенифер и Џастин Теру.

Бред и’ се јави на Џенифер кога почина мајка и’, а неа ја трогна што се сетил на неа во тие тешки мигови“, открива извор за Us Weekly, додавајќи дека двојката уште повеќе се зближувала по распаѓањето на актуелните бракови.

Па така, Џенифер се понуди да му биде сведок на бившиот сопруг за неговиот темперамент во драматичната бракоразводна парница што актерот ја води со Анџелина, а оттогаш се наводно постојано во контакт, па и не чуди фактот што Пит дојде на прославата на нејзиниот роденден.

Бред сакаше да ја поддржи прославата на нејзиниот роденден со своето присуство. Се разбира дека му е жал што нивниот брак не заврши на поразумен начин, но тој е човек кој не сака да биде заглавен во минатото. Одамна побара прошка од Џен, и таа му прости“, открива изворот.

Бившите сопрушници се’ уште не се огласуваат во јавноста за својот однос.

Помина многу време од нивниот неуспешен брак, но тие планираат да останат пријатели до крајот на животот. Вистина е дека нема зла крв меѓу нив. И двајцата сфаќаат дека луѓето секогаш ќе коментираат кога ќе ги видат во исто друштво. Затоа Бред дојде сам и маскиран на роденденската прослава, која беше многу сигурна, со забрана за објавување фотографии на социјалните мрежи“, заклучува изворот.

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.