Бившата е виновна за неговиот алкохолизам?!

Бен Афлек го обвини разводот со Џенифер Гарнер за својот порок

Не е тајна дека популарниот холивудски актер Бен Афлек имаше неколку обидида селекува од алкохолизам. Според написите на странските медиуми, токму зависноста од алкохол му пресудила на неговиот брак со колешката Џенифер Гарнер, со која има три деца и се разведоа во 2018 година.

Меѓутоа, актерот ја обвини бившата сопруга за својот порок.

Пред да се разведам, пиев нормално. Откако почнаа проблемите во бракот, почнав да имам проблеми со алкохолот. Тоа беше во периодот 2015 и 2016 година. Како што се зголемуваа проблемите во бракот, така растеше и мојата желба за алкохол. Откако се разделив со Гарнер, станав алкохоличар“, признал Бен.

 

 

View this post on Instagram

 

1998. #ThrowbackThursday

A post shared by Ben Affleck (@benaffleck) on

Во животот најмногу жалам за разводот, поради кој чувствувам и голем срам. Тоа е такво токсично чувство што не можам да го објаснам. Се гадев од самиот себе си“, објаснил глумецот.

Луѓето со компулсивно однесување, како мене, се обидуваат да го најдат чувството на среќа преку јадење, пиење, секс, коцкање или шопинг. На тој начин се чувствуваат подобро. Но не разбираат дека тоа го прави нивниот живот полош. Тогаш правите сè што е во ваша моќ за да се ослободите од непријатноста, но всушност во тие моменти почнува вистинската болка“, вели Афлек.

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.