Без филтери, шминка и Фотошоп: Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ наполни 55 години и изгледа неверојатно!

Тери Хачер

Тери Хачер наполнила 55 години, а според фотографијата што ја објавила на Инстаграм, моментално е во најдобра форма

Тери Хачер на Инстаграм споделила еден вид исповед за тоа колку е задоволна од физичкиот изглед што го стекнала со помош на тренирање, кое ѝ помогнало да расчисти некои работи самата со себе и да се чувствува психички подобро.

Актерката како дел од осумнеделната програма F45 требала да им достави фотографија на своите тренери за да го увидат напредокот и во согласност со тоа да ги осмислат тренинзите, но одлучила да ја сподели и со следбениците на Инстаграм. Не за да се пофали со своето тело во бикини, туку за да им укаже на другите колкава радост ѝ носат тренинзите.

https://www.instagram.com/p/B56FLUEJhU3/?utm_source=ig_embed

„Тренирањето стана извор на задоволство, а не средство што ни помага да се чувствуваме подобро кога сме голи. Како дел од осумнеделниот предизвик, морав да предадам една фотографија ‘потоа’ – но зошто ја објавив својата фотографија во бикини? Па, ова е мојата вистина…“, пишува Тери.

„Во 55-та година од животот се чувствувам добро во своја кожа и тоа толку ослободувачки. Еве во што е работата – со годините сфаќате која е вашата смисла и го чувате она за кое сте благодарни. Имате доволно години за да почнете да сфаќате какво чудо е животот и доволно младост во себе за да откривате нешто ново секој ден. Ранливи сте и силни истовремено, си опростувате себеси и на другите. Подготвени сте да вложите труд за да покажете резултати… или не. А и тоа е во ред“, продолжува актерката.

„Одлуката да споделам моја фотографија во бикини е мој начин да се отворам себеси кон животот и кон другите. Без филтери, без шминка, без Фотошоп, без негативности. Бидете толку силни што ќе се осмелите да бидете ранливи“, порачува таа.

https://www.instagram.com/tv/B52fuBrJ5mK/?utm_source=ig_embed

Инаку, покрај со редовно вежбање, Тери се занимава и со трчање и учествува во маратони. Токму подготвување за маратони најмногу ја мотивира, бидејќи како што вели: „постои нешто посебно во успесите и во падовите што ги носат тренинзите за таквиот подвиг.“

https://www.instagram.com/p/BsPHBF_Dq8a/?utm_source=ig_embed

Кога таа ќе се соблече по костим за капење, настанува вистински метеж: Манекенката изгледа феноменално на 45 години!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.