АРАПСКАТА ПРИНЦЕЗА стана МОДНА ИКОНА НА ЗАПАД: Ги симна хиџабот, фасцинира со стилот, а нејзината љубовна приказна со СУЛТАНОТ е вистинска модерна бајка

Арапската принцеза Дина Али Ал-Џухани е позната по својот извонреден стил, благодарение на кој стана вистинска модна икона на Запад. Каква приказна крие жената која им се спротивстави на шеријатските закони?

Принцезата Дина Али Ал-Џухани обично не носи хиџаб, ретко може да се види со марама на главата, а во преостанатите детали од својот стил покажа дека е против строгите закони кои ги дискриминираат жените и го ограничуваат нивното право на слободата.

Дина Али Ал-Џухани е во брак со принцот Султан Бин Фахад Бин Насер Бин Абдулазиз од Саудиска Арабија од 1988 година, со кого има три деца, ќерка и синови близнаци. Таа е успешна деловна жена и поранешна уредничка на арапскиот „Вог“, која ја отвори DNA Store во Ријад, а потоа и во Катар. Таа, исто така, продажбата ја префрли на Интернет.

Принцезата, која важи за модна ѕвезда на Персискиот залив, го уредуваше арапскиот Вог. Таа го прослави лансирањето на ова издание во Музејот на исламска уметност во Катар со Наоми Кембел и Лорин Хил.

Arapska princeza Deena Ali Al-Juhani postala modna ikona na ZapaduФункцијата на главен уредник и основач на изданието ја напушти по само два броја. Во интервју за Fashion Network во 2017 година, таа објасни дека добила отказ, а причината е нејзиното несогласување со издавачката куќа од Дубаи. Во двете изданија на „Вог“ кои таа ги уредуваше, на насловните страници беа прикажани манекенката Џиџи Хадид и Иман Хаман, египетско-мароканска убавица.

Нејзиниот сопруг, со кого живее во Њујорк, принцот Султан бин Фахад бин Насер, сака да ја истражува историјата на старите предмети. Користејќи материјал пронајден низ поранешната напуштена Црвена палата во Ријад и на пазарите во земјата, принцот Султан откри интересни приказни.

Секогаш се прашувам зошто ги игнорираме работите кои многу значат, рекол принцот и додал: „Одиш низ палатата и гледаш прозорец. Потрошивте пари за да го направите овој прозорец. А потоа го оставате. Го фрлате. А може и да го искористите“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sultan Bin Fahad (@sultanthe1st)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.