„Антолог“ со подарок за 2 наши читателки

За љубителите на пишаниот збор

Издавачката куќа „Антолог“ ги подарува ремек-делата „Брит-Мари беше тука“ и „Прости ми“, наменети за 2 читателки на мајскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Брит-Мари беше тука“ на Фредрик Бакман е неодолив роман за наоѓање љубов и за вторите шанси што сите ги заслужуваме. Брит-Мари не може да поднесе неред. Неорганизирана фиока за прибор е непростлив грев. Секој ден го започнува во шест часот бидејќи само лудаци се будат подоцна од тоа. И не е пасивно агресивна. Секако дека не! Само понекогаш луѓето нејзините корисни сугестии ги толкуваат како критики. Таа не суди за другите, никако.

Зад социјално непријатното, напорно лице на Брит-Мари се крие жена со фантазија, со преголеми соништа и со претопло срце! По разделбата со сопругот Кент, животот го почнува одново во мистериозното гратче Борг. Секојдневно се соочува со новите сограѓани: пијаници, џаболебари, а еден згоден локален полицаец успева дури и да ѝ го привлече вниманието. Нејзината нова и речиси невозможна задача е да стане тренер на фудбалски тим со неталентирани деца.

Дали Брит-Мари ќе го најде местото каде што навистина припаѓа? На комичен и динамичен, внимателен и хуман начин се слават неочекуваните пријателства што нè менуваат засекогаш. Дали може да го направиме светот подобро место?

Прости ми“ на Ида Хегази Хојеr e спонтана љубовна приказна на двајца млади. Приказна за љубовта, но и за тоа како таа згаснува. Парот започнува врска, воопшто не познавајќи се еден со друг. Но она што се случува со текот на времето е премин во мачно секојдневје исполнето со опсесија, сомнежи, болка, кое ги руши границите помеѓу вистината и лагата, сонот и реалноста. Приказната открива страст, но и репресија и лаги како механизам на промислена самоодбрана. Надежта, соништата за свадба и големото патување на море, копнежот за единство и вечност се задушуваат во сите прикриени вистини, опасни тајни и сомнежи.

Реализам што се граничи со апсурдот на сонот и со црниот хумор.

Ида Хегази Хојер нуди ретроспектива на љубовта што е силна и мрачна, радосна и тажна, великодушна и себична, откривајќи ги грубите и ранливи страни на човекот, механизмите на интеракција, како и можноста за помирување. И, кога сè е неповратно, остануваат живиот спомен во крвта, монолог од дното на душата и едно тивко: прости ми…

Награда за литература на Европската Унија за 2015 година.

Доколку сакате да ги добиете на подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од роденденската (мајска) „У&З-лавина“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во јунскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.