Андријана Јаневска: „Ти умееше карпата во свила да ја претвориш, а песокот во црница“ (ФОТО)

Емотивно

Поп-пејачката Андријана Јаневска на светскиот празник Ден на мајката сподели фотографија од својата мајка, со зборовите:

„Ти умееше карпата во свила да ја претвориш, а песокот во црница. Пред тебе рибите прелетуваа, а птиците препливуваа; дождот стануваше утринска роса, а ветерот полноќен здив. И камењата цветаа покрај тебе.

На гнездата им никнуваше кров, а трњето раззеленуваше. Сега, во мојата душа копнеж се раѓа: да ме родиш пак, мајко моја, та и градот во селата да ме бара, и пес во бунар да нурка, и гром во пештера да грмне – да не ме пронајде. Скриена ќе бидам во твојата прегратка. Гушкајте си ги мајките додека сè уште можете“, напиша Јаневска

Фото: Фејсбук

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.