Ана Кокиќ: „Спаѓам во групата разведени жени што веќе никогаш нема да се омажат!“

Прво интервју на пејачката по разводот со ватерполистот

По 10 години брак, поп-пејачката Ана Кокиќ и ватерполистот Никола Раѓен ги потпишаа документите за развод токму на Божиќ. Со овој свој потег предизвикаа лавина од коментари во јавноста, иако со години наназад се шпекулираше дека во бракот и не им цветаат рози…

Никола и јас се разведовме на цивилизиран начин. Се договоривме за се’ и сметам дека тоа е единствениот правилен пат, бидејќи ние луѓето сме интелигентни суштества и дадена ни е моќ за говор за да можеме проблемите да ги решаваме со договор. Останавме во исклучително добри односи, што е навистина несекојдневно во ваква ситуација. Отсекогаш ми било жал за двојките што по разводот се мразат и не комуницираат. Не мора да се сакаме, но не треба ни да се мразиме“, раскажа пејачката во интервјуто за магазинот „Стори“.

Фото: Принтскрин Инстаграм

На прашањето дали е подготвена за нова љубов, пејачката одговара:

Воопшто не размислувам за тоа. Посветена сум им на работата и на моите девијчиња и мислам дека ќе помине уште многу време додека некој го заслужи моето внимание. Засега воопшто не помислувам на тоа. Спаѓам во групата разведени жени што велатдека никогаш веќе нема да се омажат. Сметам дека брачниот документ им создава притисок на луѓето“, искрена беше Ана за „Стори“.

Извор: „Стори.рс“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.