Ана Бекута: „Синот го оставив во дом, тие 8 месеци ми беа најстрашната епизода во животот“

Емотивна исповед на фолк-пејачката

Ана Бекута проговори за своите тинејџерски денови, кога осум и пол месеци била принудена да го остави својот син Игор во Дом за деца без родители.

Седумнаесеттата година ми беше пресвртна бидејќи по неа ми се отвори небото и ми се појавија мотиви за иднината. Но тогаш не мислев така. Требаше да родам дете толку млада во тоа време. Не ни бев свесна за одлуката да станам мајка, но се сеќавам дека го сакав тоа не ни знаејќи што ќе ми се случи. Всушност, тогаш, како тинејџерка, не ме ни интересираше што ќе помислат другите. Работев по свое, но секогаш чесно и коректно. Се разбира, моите родители не беа задоволни, имаа доверба во мене како најстара ќерка и одеднаш им се урнаа соништата. Гледајќи од оваа перспектива, најмногу поради влијанието од околината“, со тага се присетува пејачката во интервјуто за магазинот „Свет“, додавајќи дека моради неможноста сама да се грижи за својот син, бидејќи во меѓувреме се разделила од неговиот татко, морала да годаде во Дом за деца без родителска грижа.

Тоа била најстрашна епизода во нејзиниот живот, во која со огромна радост се среќавала со својот наследник, а потоа со горчина и солзи го оставала во домот.

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време