7 работи поради кои ќе пропаднете во животот: Ова е патот по кој чекорат губитниците!

Станете свесни пред да биде предоцна

Овие грешки ги сфатиле многу пропаднати бизнисмени, но предоцна

За да бидете успешни, треба да бидете подготвени да ги слушнете и земете предвид советите што ви ги даваат другите, да читате книги, да верувате во себе… Но ретко кој ќе ви каже како се станува губитник и како се пропаѓа во животот. Тоа секако никој не го сака, па затоа треба да прочитате кои чекори можат да ве одведат до пропаст…

1. Трошите време на расправање за проблемот, наместо за негово решавање

Грешка што предоцна ја сфатиле многу пропаднати бизнисмени. Биле презафатени со размислување за виновниците и проблемот, наместо да бараат решение, па ги превиделе најважните работи. Сепак, ако им се посветите на вистинските нешта и направите добар план, работите може да се поправат.

2. Секогаш го правите она што го знаете и што досега сте го правеле

Овој совет всушност ви вели да си поставите граница и никогаш да не ја преминете, односно засекогаш да се сместите во удобната зона. Ако цел живот правите само едно нешто, станувате способни само за тоа. Се плашите да направите исчекор, да напредувате, додека луѓето околу вас напредуваат, а вие пропаѓате.

3. Не знаете да уживате во самотијата

Ако секогаш и секаде ви треба друштво, вие всушност не сте способни да преживеете. Секој човек мора да научи дека може да постои и без помош од пријател, семејството, партнерот, колегата, социјалните мрежи. Мора да научите да ја цените самотијата, бидејќи токму во моментите на целосна осаменост доаѓаат најдобрите бизнис-идеи. Ве чуди ли сега фактот што најголемите умови во светот биле осаменици?

4. Страв од грешки

Бегањето од грешките е потполно бесмислено. Тоа е исто како да бегате од времето – или  ќе остарите или ќе умрете млади, нема трето. Па така, грешките се неизбежни. Не е важно во која сфера работите, грешките се нешто што мора да се случи. Ова важи и за семејните проблеми, за работата, за се’. Бегајќи од грешките, всушност бегате од лекциите што сигурно многу ќе ви значат во животот и од кои ќе можете многу да научите. Ако нема пораз, нема ни победа.

5. Робување на моменталните задоволства

Идејата да се живее од ден за ден со полни гради навистина е примамлива. Но што ќе правите кога ќе дојде „утре“? Многумина забораваат дека денес мора да мислиме на утре. Тоа најдобро им припаѓа на оние кои се трпеливи, мудри, внимателни. Еве прост пример: секој ден јадете брза храна и тоа многу ви годи. Но во еден момент, ќе се здебелите, ќе станете непривлечни и ќе се разболите. Не дозволувајте да се каете поради тоа што не сте мислеле на време на утре.

6. Живеете во минатото и во иднината

Убаво е да се потсетувате на старите денови, уште поубаво е да сонувате за убава иднина, но сето тоа е бесмислено ако не мислите и не живеете во сегашноста. Не можете да живеете ни во минатото, ни во иднината, можете да живеете само во сегашноста. Во спротивно, светлата иднина тешко ќе дојде бидејќи и сегашноста носи свои проблеми и работи што треба да ги решите сега.

7. Секогаш сте им пријател на сите

Голема доблест е да се биде пријателски настроен кон сите, но ова воопшто нема да ви помогне во работата. Понекогаш потребно е да бидете натпреварувачки настроени, а чувството дека “го издавате пријателот“ ќе ве натера да се повлечете додека другите напредуваат. Ако се повлечете на работа – губите. Освен тоа, запомнете дека не ви се сите колеги пријатели, многумина го одржуваат добриот однос исклучиво од некаква корист.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.