6 работи што луѓето кои изгледаат младолико не ги прават

Тие ги немаат овие 6 навики

Постојат 6 навики што луѓето кои изгледаат младолико ги немаат

Сè почесто можеме да видиме луѓе кои изгледаат децении помладо од своите години – и тоа, не благодарение на скапи кремови, филери или естетски процедури, туку затоа што свесно одбиваат некои од трендовите на современиот живот. Нивниот пристап кон младоликоста не е луксузен, туку паметен, едноставен и долгорочно одржлив.

Психологот Ејвори Вајт забележала дека луѓето кои изгледаат значително помлади од своите врсници имаат една заедничка особина: одбегнуваат одредени навики што повеќе од нас ги применуваат без размислување.

Таа издвоила шест начини на однесување што луѓето кои им пркосат на годините доследно ги исфрлаат од својот живот…

1. Седење со часови без никакво движење

Луѓето кои зрачат со младоликост речиси никогаш не поминуваат со часови без да се раздвижат. Тие стануваат, шетаат, држат состаноци во движење или едноставно прават чести пауза за раздвижување. Истражувањата покажуваат дека долготрајното седење го забрзува стареењето на клетките и негативно влијае врз држењето, циркулацијата и еластичноста на кожата. За нив движењето не е тренинг – тоа е стил на живот.

2. Стрес поради работи што не можат да ги променат

Луѓето кои изгледаат помладо ја совладале вештината за опуштање. Тие сфатиле дека хроничниот стрес го остарува организмот на клеточно ниво – од теломерите до производството на колаген. Тие имаат граници кога станува збор за грижењето: свесни се за проблемите, но не им дозволуваат да ги проголтаат. Тие се водат по едно непишано правило: Ако не можете директно да влијаете врз нешто во наредните 24 часа – тоа не ја заслужува вашата ментална енергија.

3. Преработена храна како главен извор на енергија

Луѓето кои бавно стареат не им робуваат на диетите, но одбираат вистинска храна. Едноставни намирници, минимално обработени, со што помалку хемија. Тие ја гледаат храната како информација за клетките. Сè што јадете станува градба за вашата кожа, мозок и хормони. Ако го храните телото со конзерванси, вештачки бои и мистериозни хемикалии, немојте да се чудите кога ќе почнете да изгледате исцрпено.

4. Жртвување на сонот заради продуктивност

Најбрзиот начин да си додадете години? Неколку непроспиени ноќи. Додека на полноќ седите на телефон, вашето тело пропушта драгоцено време за регенерација. Во текот на спиењето се произведува хормонот за раст, се обновуваат клетките и се средуваат сеќавањата. Луѓето кои редовно спијат седум до девет часа не само што изгледаат помладо, туку и појасно размислуваат, подобро се движат и поотпорни се на стресот.

5. Одбегнување непријатности по секоја цена

Луѓето кои зрачат со младост не бегаат од предизвици. Тие одбираат ладен туш, напорен тренинг, нова вештина во која се почетници. Зошто? Затоа што предизвикот ги одржува умот и телото флексибилни. Кога постојано излегувате од удобната зона, им испраќате сигнал на клетките дека и понатаму сте во фаза на раст. Оние што секогаш одбираат удобност – полека стареат, физички и ментално.

6. Живот во минатото или иднината

Последната навика што го забрзува стареењето е постојаното навраќање на грешките или опсесивното грижење за иднината. Луѓето кои изгледаат помладо имаат речиси зен-однос кон времето – тие се присутни. Слушаат додека зборувате, уживаат во храната, го забележуваат зајдисонцето. Не го проверуваат телефонот на секои три минути и не го вежбаат во главата утрешниот состанок додека вечераат. Тие живеат сега – и затоа изгледаат младо.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе