6 чекори до поголема самодоверба: Еднаш кога ќе ги совладате, ништо на светот нема да може да ви ја разниша!

Станете најдобрата верзија од себе

Почнете уште веднаш – со секој од овие чекори ќе станувате сè посилни и посилни, но и посреќни

Ако не сте сигурни во себе, животот ќе ви биде многу напорен во тешките периоди.

Недостигот од самодоверба, кој најчесто произлегува од проблемите што секојдневно нè притискаат од сите страни, но и од нашиот сопствен став, може да доведе до депресија, а тоа навистина никому не му треба.

Добрите вести се што можете да започнете да зрачите со самодоверба, да си го подобрите расположението и да ги остварите своите желби. Секако, тоа не паѓа од небо, туку се постигнува со дисциплина и тренинг, порачуваат психолозите.

Почнете уште веднаш – со секој од овие шест чекори ќе станувате сè посилни, но и посреќни!

1. Активирајте го телото

Добрата физичка кондиција носи многу придобивки, не само добро тело. Со вежбањето ќе го намалите стресот, ќе го зајакнете мозокот, а со тоа и ќе го покачите нивото на хормонот за среќа. Ќе бидете полни со самодоверба ако се дружите со здрави луѓе, кои имаат секојдневна физичка активност, макар тоа било и пешачење.

2. Не плашете се од нови работи

Сетете се на сето тоа што некогаш сте сакале да го направите, но не сте се осмелиле поради ниската самодоверба или некој друг страв. Следен пат, направете го токму тоа, овие чекори ќе ве уверат дека можете да се приспособувате и дека никогаш не е доцна за учење. Чувството е феноменално, а ќе живеете по свое. Запомнете, никогаш не е доцна да почнете да се забавувате!

3. Немојте вечно да се преиспитувате

Не трошете време и енергија само во размислување за проблемите што ве снашле или евентуално може да ве снајдат. Секако, внатрешниот глас никој не би требало да го игнорира, но ако секогаш истото нешто ви предизвикува стрес, имате две опции: да преземете нешто или да ја прифатите состојбата/ситуацијата и да престанете да мислите на тоа. Психолозите советуваат да го одберете првото.

4. Не кријте се зад Фејсбук и Инстаграм

Вашите профили на социјалните мрежи само навидум можат да ја задоволат дневната потреба за социјализација. Меѓутоа, тие не можат комплетно да ја заменат комуникацијата во живо и ако го одбегнувате вистинскиот човечки контакт, подоцна ќе ви биде потешко да го воспоставите. Затоа, користете ги социјалните мрежи, пред сè, за да се поврзете со стари пријатели и да договорите средба со нив.

5. Менувајте го опкружувањето

Земете си годишен одмор, отидете на кратко патување, а ако немате пари, посетете ги роднините и пријателите. Немојте постојано да мислите на работите што ве мачат. Ако притисокот е голем и ако опкружувањето или атмосферата не ви одговараат, преселете се во друг дел на градот или на потполно друго место.

6. Не занемарувајте го изгледот

Можеби ви се чини дека тоа воопшто не е важно, но треба да знаете дека дури и обичната промена на гардеробата или новата фризура можат да ви ја подигнат самодовербата. И ако ви се лоши забите, на пример, поправете ги или избелете ги.

Ќе бидете посреќни кога ќе ширите убава насмевка околу себе и сите ќе забележат дека сте полни со самодоверба.

Самодовербата ги победува сите формули за убавина, а ОВИЕ дами се доказ за тоа!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.