5 работи што морате да ги знаете за себе!

Која е вашата точка на „вриење“?

Колку навистина се познавате себеси? Ако наведените фактори се целосна мистерија за вас, одговорот на прашањево е: „Недоволно!“. Еве што треба да дознаете за самите себе…

Вашата точка на вриење

Во сите односи мора да поставите граница преку која нема да поминувате. Ако ви се насобере стрес, повлечете се. Многу често луѓето преземаат нешто дури кога ќе удрат во ѕид. Поентата е да запрете навреме, макар неколку сантиметри пред ѕидот! Направете пауза во работата ако почувствувате дека тапкате во место, или пак, дека се движите во погрешна насока.

Што кај вас предизвикува добро расположение?

Присетете се кога последен пат сте биле нерасположени или под стрес. Што ве расположило? Разговор со другарка ви, омилената ТВ-комедија, маникир, шопинг… Секој има свој „рецепт“. Воопшто не е важно кое е решението, важно е да ги препознаете своите чувства и да знаете што да преземете.

Колку навистина ве познава вашиот лекар?

Лекарите се лица што за вас знаат многу лични детали. Ним можете да им ги доверите и најинтимните проблеми – физички и психички – и да побарате помош. А тоа е услов за успешно лечење на болеста или за запирање на нејзиното напредување. Ако ви е непријатно да поразговарате со вашиот лекар, бидејќи немате доверба во него, сменете го.

Дали се тоа хормоните (ПМС) или навистина сте гладни?

Зголемениот апетит пред и по менструација е сосема нормална појава. Поради дејството на хормоните, многу е потешко да ѝ се одолее на храната. Настојувајте да одржувате балансирана исхрана за време на циклусот и немојте да чувствувате вина ако потклекнете пред парче торта.

Која е вашата главна цел?

Секому му е важно да има важен сон во животот, кој на сè му дава смисла. Значи, потребно ви е нешто кон кое ќе тежнеете, а желбата за постигнување на целта ќе ви даде надеж и чувство на умереност. Но таа цел не треба да биде нереална. Многу е поздраво да си поставувате краткорочни и реални цели.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.