5 познати дами чии трикови за нега би требало да ги „препишеме“: Еве зошто

Зелени лекции од Холивуд

Фото: Getty Images

Тие пропагираат поздрав пристап кон убавината, а ова е дел од нивните ритуали за разубавување…

Најдобро чуваната тајна на актерката Скарлет Јохансон е нешто сосема неочекувано:

Доколку, пред важен настап, мојата кожа е без сјај и со црвени точкички, врз неа поминувам со свеж лимон – за да ја осветлам.“

Кејт Бланшет е љубителка на маслиново масло и на масло од макадамија:

Ги вклучувам во пилингот со сок од грејпфрут и морска сол – прават чуда за тенот!“

И Гвинет Палтроу се потпира на придобивките од билните масла, првенствено од кокосовото:

Секое утро земам лажиче кокосово масло, го топам во устата и жуборкам со него следните 20 минути. На овој начин ефикасно се исфрлуваат отровите од телото, а има благотворно дејство и врз кожата.“

Миранда Кер се труди косата да ја негува со природни состојки:

Избегнувам обликување на косата со помош на топлина и ја оставам да се исуши на природен начин. За подобрување на сјајот на влакната, по миењето, задолжително ја плакнам со студена вода. Практикувам и масажа на скалпот – одличен начин за стимулирање на растот на влакната.“

Џесика Алба применува мошне едноставен а делотворен третман за коса:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba)

Често си легнувам со балсам на краевите на косата, кој го одмивам наутро. Истото тоа го правам и кога вежбам, но тогаш ја собирам косата, а по тренингот веднаш ја мијам.“

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.