4 начини да станете посвесни за себе

Фото: Unsplash

За менталното здравје е многу важно да се разберете себеси подлабоко.

Што навистина значи да се биде самосвесен? Тоа значи да бидете сигурни во сопствената вредност, самоувереност, интелигентност. Таквите луѓе носат одлуки лесно, комуницираат поефикасно и на тој начин градат подобри меѓучовечки односи. Исто така, тоа е способност да се гледате јасно себеси – вашите јаки и слаби страни – и последиците од некои ваши постапки врз други луѓе.

Терапевтот Марсел C. Крег објаснува дека самосвеста гледа во тоа кои сте всушност и како вашето однесување влијае на другите и како другите влијаат на вас. Тоа значи разбирање на вашите лични внатрешни чувства затоа што токму тоа ви овозможува да живеете исполнети.

Стратегии за тоа како да станете повеќе самосвесни 

Барајте нови искуства: искуствата ќе ви овозможат да излезете од комфорт зоната и безбедност и истовремено да дадете можност да видите како се однесувате во нови и непознати ситуации. Ново хоби или разговор со нови луѓе во голема мера ќе ви помогне да стекнете нови искуства за себе.

Прашајте ги луѓето што мислат за вас: браќа и сестри, пријатели – тоа ќе покаже како другите ве доживуваат и ќе ви даде можност да истражите дел од себе што би можеле или би сакале да го промените. Ако ова се некои лоши работи, обидете се конструктивно да ги прифатите критиките како добра намера и упатство за потенцијален раст и саморазвој.

Бидете свесни за вашите лични вредности: ова се основните принципи што ве водат низ животот. Кога го знаете тоа, тогаш точно знаете што сакате од животот. Размислете за работите што ве прават среќни и следете го тоа упатство кога размислувате за вашето идно јас.

Преиспитајте ги вашите мислења и убедувања: ова ќе ја зголеми вашата свесност за вашите сопствени мисли, но исто така ќе обезбеди можност за промена.

Прочитајте и: Мала навика која прави чуда за нашето здравје и не чини ништо!

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.