3 визуелизации кои ќе ви помогнат да ја намалите анксиозноста и негативноста од животот

Подобро ментално здравје

Пандемијата на коронавирусот и сите тешки настани што ја одбележаа оваа чудна година, продолжуваат да имаат последици на нас.

Една од овие последици е зголемен број на луѓе кои се борат со стрес, анксиозност и разни ментални нарушувања. Не е лесно да не знаеме што нè чека, не е лесно да ги апсорбираме вестите за нови пациенти, за природните катастрофи и сите оние „неправилности“ на кои едноставно не сме навикнати. За да ви помогнеме полесно да се справите со одредени стравови, стрес и „негативни“ емоции, еве три визуелизации кои ќе ви помогнат да ги отстраните сите лоши работи во вас. Пред да започнете со визуелизација – пронајдете пријатно и удобно место каде ќе бидете во целосен мир.

Нечистотија што оди низ одвод

Замислете како стоите над бел мијалник со млака вода што тече и ги миете рацете. Замислете го тој процес колку што можете пореално. Почувствувајте ја температурата на водата, сапунот помеѓу прстите и мирисот на тој сапун. Исплакнете ги рацете под млазот и замислете дека нечистотијата од рацете се спушта низ цевките и исчезнува. Таа нечистотија ги претставува вашите црни мисли, сè што ве мачи и ви создава товар. Додека ги миете рацете и гледате во темната вода во одводот, помислете на сите овие тешки работи и ослободете ги со вода.

Густ чад што исчезнува

Замислете како седите во природа. Тоа е вашата омилена сезона, уживате во свеж воздух и природа околу вас, го чувствувате мирисот на билките и гледате во небото. Сеќавајќи се на сè што ви пречи, а тоа може да бидат финансии, невозвратена љубов, проблеми на работа и слично, замислете облак од густ темен чад што произлегува од земјата. Колку повеќе ослободувате лоши мисли, тој облак полека се крева во воздухот и станува потенок и посјаен сè додека целосно не исчезне заедно со тие мисли.

Сонце што се пробива низ облаците

Замислете повторно како сте во природа. Тоа е убав и сончев ден. Замислете сè што ве мачи како облаци што го покриваат сонцето и замислете го сонцето како сè добро во вашиот живот. Откако ќе ги решите сите лоши мисли, визуелизирајте го сонцето како пробива низ негативното со своите зраци додека не ги одбие облаците целосно.

Прочитајте и: Се чувствувате непродуктивно? Причината може да биде осаменост

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.