3 формули за добро расположение: Пробајте една од следниве комбинации!

За успешен старт

Фото: Pexels

Дополнителна позитивна енергија е секогаш добредојдена. Во тоа можат да ни помогнат математиката и психологијата. За одредени активности научниците докажаа дека го поттикнуваат доброто расположение, а ако комбинираме неколку такви, ефектот би можел да биде уште подобар.

Пробајте една од следниве комбинации:

1 Организација + креативност + активност. На пример, преуредете го гардероберот, а облеката што веќе не ја носите можете да ја сликате и да ја продадете по половна цена на својот инстаграм-профил или преку некој сајт што се занимава со продажба.

2 Слушање на омилената музика + пеење + дружење. Организирајте караоке за мало, одбрано друштво или за своите дома. Се препорачува тоа дружење да биде на отворено, бидејќи во тој случај во оваа равенка ќе додадете и корисна доза на витамин Д.

3 Дружете се со животните + волонтирајте + бидете физички активни. Понудете ја својата помош во азил за напуштени животни или договорете се со повозрасните соседи да им го прошетате кучето кога тие не се во можност.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.