Цеца конечно открила какви мажи ја привлекуваат: „Вонземјани со плочки на стомакот“ (ФОТО)

Таа се доверила на пријателката дали има некое ново момче...

За љубовниот живот на фолк-ѕвездата Светлана Ражнатовиќ со години се шпекулира и претпоставува.

Имено, врската со Богдан беше во центарот на вниманието, а Ражнатовиќ сега во разговор со пријателка, теткстописката Билјана Спасиќ, отворено зборувала за својот љубовен живот како и за тоа дали има ново момче.

На констатација на Билјана, дека Цеца е уште млада и може да има уште деца, славната пејачкта останала во шок.

„Господе Боже, Биљо, што е со тебе? Јас сега имам една друга младост, мене тоа не ме интересира. Децата ми се големи, јас што нишкав, нишкав, сега може да уживам. Нема ништо кај мене, мртво море“ – искрено рекла Цеца.

Нејзината пријателка Биља открила дека во Грција видела многу симпатично момче, алудирајќи на тоа дека на Цеца би можел да и се допадне.

„Во Солун видов нешто многу интересно, но кога би ти покажала фотографија, ти ќе се превртиш со очите“ – искоментирала Биља, на што Цеца одговорила:

„Господ да ме чува Биљо од твоите избори“ – се пошегувала Цеца.

Потоа продолжиле да се расправаат околу нивниот тип на мажи…

„Како можеш да кажеш така, а оние твои вонземјани со плочки на стомак“ – рекла Биља.

Цеца потоа јасно и кажал дека нејзнин тип се мажи во добра физичка форма.

„Тоа е здравје, а овие твоиве со стомаци со холесторол, мавни ми ги“ – и рекла Цеца во новата епизода на „Цеца шоу“, која се емитува на „Блиц телевизија“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.