Тони Зен се враќа на македонската естрада?! (ВИДЕО)

Одлични вести!

Во музичкиот свет веќе наголемо се зборува за враќање на сцената на еден од најпопуларните рапери кои твореле во нашата земја, познатиот Тони Зен.

Како што знаете, Тони пред неколку години беше мегапопуларен, но реши да прави малку поинаква  музика, која очигледно публиката не можеше да ја прифати.

Но, од извори блиски до пејачот, дознаваме дека Тони Зен веќе сериозно размислува и работи на нов музички материјал со кој планира да ја изненади публиката.

Дека Тони деновиве се наоѓа во студио и очигледно нешто работи, откри и неговата колешка Тамара Тодевска, која на својот профил на Инстаграм сподели видео од нив двајца.

Погледнете:

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.