Толку млада: Болеста на Селена Гомез е сè повидлива, видеото стана вирално, фановите се загрижени

Популарната пејачка веќе не може да ја држи под контрола автоимуната болест, која ѝ беше дијагностицирана во 2017 година.

Болеста на Селена Гомез (30) не е тајна, но од година во година ѝ е сè потешко да ja контролира. Во 2017 година, младата пејачка ги забележала првите симптоми на лупус, поради што ѝ била извршена трансплантација на бубрег.

Постојано бев уморна, не знаев во каква состојба ќе се разбудам утре – се пожали еднаш Селена кога првпат се соочи со оваа болест.

Музичката ѕвезда сега повторно проговори за дијагнозата со која се бори откако објави видео на кое ѝ се тресат рацете, и со тоа многу ги загрижи нејзините обожаватели.

Имено, Селена на својот профил на ТикТок ја сподели рутината за нега на кожата и туторијалот за шминкање, а додека се обидуваше да нанесе мицеларна вода на сунѓерчето, рацете многу ѝ се тресеа.

Потоа, низ смеа, ја објасни ситуацијата:

Хаха… се тресам од лековите за лупус. Освен тоа, прочитајте го демантот, јас не сум професионалец во оваа работа, одговори таа во коментар на еден од нејзините следбеници.

 

@selenagomezPSA I got most of these products free. I ain’t just rolling like that everywhere. Use any serum to take off make up before washing. It breaks it up nicely. Also use a sponge to wipe eyes to treat eyes delicately when removing make up. K I’m done pretending I know what I’m taking about.

♬ Never Be Me – Miley Cyrus


Лупусот може да доведе и до компликации на срцето или белите дробови, невролошки проблеми и анемија. Оваа болест многу почесто ги напаѓа жените – 9 од 10 возрасни пациенти се жени. Покрај горенаведените симптоми, карактеристично е и црвенилото на лицето во облик на пеперутка, како и честа температура, најчесто до 37,4 C.

Видео: ТикТок

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.