„Тоа е како СМРТ…“: Жизел првпат за РАЗВОДOT со Брејди: Славната манекенка не можеше да ги задржи солзите, имаше една порака за бившиот сопруг

Познатата манекенка Жизел Бундшен првпат проговори за разводот со Том Брејди, пет месеци откако нивниот 13-годишен брак официјално заврши.

Жизел Бундшен зборуваше за разводот за новиот број на магазинот „Венити фер“, чија насловна страница ја краси. Таа во повеќе од емотивниот разговор рече дека разводот е „смрт и повторно раѓање“ и дека тагува заради „смртта на својот сон“.

Тешко е затоа што си замислил дека животот ќе ти се одвива на одреден начин, а си направил сè што си можел, знаеш?, рече Жизел Бундшен додека гласот ѝ се тресеше и очите ѝ се наполнија со солзи.

По неколку воздишки, таа продолжи:

Верував во бајки кога бев дете. Мислам дека е убаво да се верува во бајки. Толку сум благодарна што го направив тоа. Даваш сè од себе за да го оствариш твојот сон. Даваш 100 проценти од себе и жално е ако не заврши онака како што си се надевал и за што си се трудел, но можеш да го одработиш само својот дел. 

Жизел прокоментира дали се развела со Брејди затоа што одлучил да му се врати на фудбалот (неодамна ја заврши кариерата, таа одлука ја донел по разводот). Ултиматумот што наводно му го дала на поранешниот сопруг „пензија или развод“ го оцени како најлудото нешто што го слушнала и многу болни зборови.

Потребни се години (за развод). Видете, јас отсекогаш навивав за него и ќе продолжам да навивам засекогаш. Ако има една личност што сакам да е најсреќна на светот, тоа е тој, верувајте ми. Сакам да биде успешен и да ја постигне целта. Сакам да му се остварат сите соништа. Тоа е она што навистина го сакам, од сè срце, рече таа.

Понекогаш се развивате заедно, понекогаш се разделувате. Кога јас имав 26, а тој 29, се запознавме, сакавме семејство, сакавме сè заедно. Како што одминуваше времето, сфативме дека сакаме различни работи, а сега имаме избор. Тoa не значи дека не ја сакате другата личност. Тоа само значи дека за да бидете автентични и вистински да го живеете животот што сакате да го живеете, треба да имате некој кој е подготвен на компромис. Тоа е игра, тоа е баланс, истакна таа.

Жизел Бундшен и Том Брејди имаат две деца. Познатата манекенка му се јавила на новинарот на магазинот Vanity Fair од Костарика, која често ја посетува и каде што неодамна патувала.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.