Тања Савиќ во врска со бизнисмен од Смедерево: Откриени детали за новото момче! (ФОТО)

Таа веќе го запознала неговото семејство...

По разводот од сопругот Душан Јовановиќ, со кого има два сина и раскинувањето со Драшко Станивуковиќ, пејачката Тања Савиќ наводно три месеци е во врска со бизнисмен од Смедерово.

Имено, како тврди извор близок на пејачката, Тања е веќе три месеци во среќна врска со бизнисменот кој е разведен.

„Тања не сака да зборува за љубовниот живот. Пред три месеци започна врска со бизнисмен од Смедерево кого пријателите го викаат Лола. Инаку тој се разведе пред година дена, има ќерка која е тинејџерка и неодамна ја запознал со Тања. И посветува многу внимание, но и разбирање. Тој ја запознал Тања со неговото семејство, која е воодушевена од нив. Тој има 40 години, не е несериозен, а се заљубил во Тања и сака да гради нешто сериозно. Тие двајца се знаат преку десет години, но никогаш немале некаква блиска комуникација. Кога ќе се сретнеле се поздравувале и тоа било се“ – рекол изворот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.