ТАМАРА И МАЧКА СЕ РАЗДЕЛУВААТ – ПЕЈАЧКАТА ИНСИСТИРА НА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА!

Пејачката потврди дека е готово со бракот!

„Јас сум издржала и позитивен и негативен притисок, ќе го издржам и ова, но децата мора да бидат заштитени!“

Како што веќе се зборува во естрадните, една од нашите најголеми музички ѕвезди Тамара Тодевска се разведува со својот сопруг.

Иако за оваа информација се шпекулира подолго време, тимот на „Убавина и здравје“ доби официјална потврда за оваа вест. Имено, дознавме дека славната пејачка и поранешниот кошаркар и Александар Димитревски – Мачка одлучиле да се разделат, но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)


Тамара сметала дека е добро децата да одржуваат добра комуникација со својот татко и тој да биде дел од нивните животи.

Нашиот тим стапи во контакт со Тодевска, која во кратка изјава ни ја потврди информацијата.

Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено,  многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив, вели Тодевска.

На прашањето како излегува на крај периодов со обврските, дали ќе паузира со настапите и слично, таа вели:

Секако дека ќе продолжам со работа. Учествував на Макфест, периодов ја промовирам мојата нова песна Замижи, а работам и на други песни и проекти. Животот продолжува, работата исто така, а мојов случај не е ниту прв ниту последен. Само ги замолам веб-порталите, медиумските работници, кога трчаат по кликови и бомбастични наслови, да имаат чувство на одговорност, особено пред децата… Јас сум издржала и позитивен и негативен притисок, ќе го издржам и ова, но децата мора да бидат заштитени, посочува Тамара.

Пишува: Васко Спасоски

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.