Славниот ПИРС БРОСНАН е одличен сопруг, но и фантастичен СВЕКОР НА СВОЈАТА СНАА САЊА: Еве зошто!

Кога се породи таа, на целиот свет му кажа колку е среќен и ја испрати оваа порака!

За славниот Пирс Броснан многу се зборува заради неговите улоги, но уште повеќе заради односот со семејството.

Тој ѝ е прекрасен сопруг на неговата сопруга Кајла Шеј Смит, со која се ожени во 2001 година. Славниот пар ги има синовите Дилан и Парис, а познатиот Џејмс Бонд од филмското платно често се истакнува како сопруг за пример, кој знае како да ја поддржи сопругата и да ја истакне важноста на нивната љубов во животот.

Тој е и прекрасен свекор, што видовме (повторно) кога минатата година вторпат се породи неговата снаа Сања Баниќ. Актерот ја сподели радосната вест на својот инстаграм-профил со порака која цел свет можеше да ја прочита:

Џексон Илајџа Бронсан, роден во 15:06, 2.11.2022… Да си благословен, мое најмило внуче, добре дојде. Честитки, драги мои Шон, Сања и Марли. Бидете блажени.

Сања е мажена со Шон Броснан, кого Пирс го доби со својата прва сопруга Касандра Харис, која почина од рак на јајниците во 1991 година.

Фото: KNNG/Backgrid USA

Сања Баниќ е родена во Њу Џерси, нејзините родители по потекло се од Хрватска. Пред да го запознае Шон, се занимавала со манекенство и глумeла во неколку филма („Савана“, „Детето“), а потоа со него во 2012 година основала продуцентска куќа. Нејзината врска со познатиот наследник трае од 2011 година, а се венчаа во 2014 година.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.