Синот на Марина Туцаковиќ ќе открие мрачни тајни на српските пејачи: Кој се дрогирал, кој ѝ останал должен на неговата мајка…

Нема да им биде сеедно на многу пејачи...

Синот на починатата српска текстописка Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ – Лача решил да напише книга во која ќе ги открие сите тајни на пејачите кои работеле со неговата мајка…

Лача ќе открие наводно кој останал должен, како се однесувале пејачите и кој доаѓал дрогиран кај нив во домот.

„Лача сфати дека треба да стави се на хартија, како што работеше неговата мајка, на кој начин се создаваа големите хитови, кого одбила за соработка, со кој било лесно, со кој тешко да се соработува. Решил да напише книга која нема да биде посветена на Марина, туку на пејачите со кои работела. Што барале од неа, какви пороци имале, кој доаѓал со проблеми и што се слушал тој. Ќе пишува за тоа кој останал должен, кој никогаш не ги вратил парите на енговата мајка, дури ниту кога била болна и им биле потребни за лекување. Многу маски ќе паднат. Верувам дека воопшто нема да им биде сеедно на естрадата, но нема да можат да го тужат, бидејќи за сите за кои ќе пишува, Лача ќе им даде прекар и ќе ги опише, за секој да може да сфати за кого се работи“ – рекол извор близок на синот на Туцаковиќ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.