Синот на Мадона ги носи нејзините фустани, а таа вели: „Му стојат подобро од мене“ (ФОТО)

Што да се каже...

Кралицата на попот Мадона за неколку дена ќе наполни 64 години, но сепак не престанува да ја шокира јавноста со своите ставови.

Таа за „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ изјави дека ги носи истите работи како и нејзиниот син Дејвид, и дека тој дури ги носи и нејзините фустани.

„Тој може да носи што сака и да изгледа кул. Тоа е толку иритантно… Тој ги носи моите работи и изгледа подобро од мене. Дури и фустани, и не ја губи својата машкост. Неверојатно“, изјави Мадона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Инаку, пејачката го посвои Дејвид од сиропиталиште, а има вкупно шест деца.

Со Карлос Леон ја доби ќерката Лурдес, со Гај Ричи синот кој парот го именуваше Роко, додека таа го посвои Дејвид во 2006 година.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.