Шокантна исповед на ќерката на Мадона: Мојата мајка е изрод, целиот живот ме контролира! (ФОТО)

Лурдес Леон кажала дека морала после средното образование да стане независна...

Лурдес Леон (25), ќерката на славната пејачка Мадона, тврди дека нејзината мајка е „контрол фрик“ и дека и го контролира „целиот живот“.

– Мојата мајка цел живот ме контролира. Морав да станам во целост независна штом завршив средно училиште – рекла Лурдес и додала дека независноста ја стекнала откако почнала сама да си го плаќа факултетот и станот.

– Имам чуство дека мојата мајка ги видела останатите деца на познатите и славните, па одлучила нејзините деца да не бидат такави – ја објаснила Лурдес филозофијата на Мадона за магазинот „Interview Magazine“.

Таа истакнала дека ако родителите ги плаќаат животните потреби и останатите работи за своите деца, тоа им дава поголем впечаток за нив. Лурдес рекла дека нејзината мајка ја натерала да „расте“ во својата манекенска кариера, но и генерално.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.