Се случи хаос во „Задруга“: Пејачот Адам Лабунски плачеше цела вечер по инцидентот кога му откорнаа прамен коса! (ВИДЕО)

Погледнете го целиот хаос...

Во најновата сезона на српското реално шоу „Задруга“ има двајца учесници од Македонија, тоа е раперката Дијана ОГ и пејачот Адам Лабунски.

Токму вчера Адам беше во центарот на вниманието, откако беше нападнат од Урош Чертиќ, кој го повлече за косата, при што му искина цел прамен.

Ова го вознемири Адам, кој почна да плаче по инцидентот.

Недостасува дел од праменот, па ти си правел надоградба – рече Чертиќ и си замина, за набргу да се врати и повторно да налета на пејачот.

Од кога мажите ставаат надоградба на косата? Се гледаме македонско девојче – повторуваше цело време Урош“.

Чертиќ не престана со провокации, поради што обезбедувањето мораше итно да реагира.

Ве молам, спасете ме, тој ми ја извади половина од косата – рече пејачот додека гледаше во камерата и плачеше.

Македонскиот натпреварувач во очај се обрати неколку пати кон камерите што снимаат и ја молеше продукцијата да го извади од реалното шоу, бидејќи тој не влегол за да биде малтретиран.

@carsrbije #adam #uroscertic #adamlabunski #zadruga6 ♬ original sound – CarSrbije

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.