Се породила Ријана: Во потполна тајност пред една недела на свет донела момче! (ФОТО)

Нека е живо и здраво...

Пејачката Ријана се породила и на свет го донела своето прво бебе, момче – пренесуваат странските медиуми.

Како што наведува „TMZ“, пејачката ѕвезда се породила на 13 мај во потполна тајност во Лос Анџелес.

Името кое Ријана и раперот Асап Роки го избрале за нивниот наследник се уште не е познато за јавноста. Таа во јавност последен пат беше видена на 9-ти мај, кога со својот избраник била на вечера за денот на мајките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Ријана за време на бременоста форсираше сексапилен изглед, поради кој често се наоѓаше како мета на критики.

Инаку, уште вчера на социјалните мрежи се шири вест дека пејачката Ријана на свет донела машко момче.

Имено, на Твитер една личност напишала дека Ријана се породила во болница и дека барала да се испразни целиот кат за да биде сама.

Истата жена во коментарите под својата објава напишала дека пејачката родила момче.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.